Патологијата на онлајн однесувањето: Виртуелно „живеење“

Психологот и проф. д-р Кимберли Јанг, која прва ја има истражувано зависноста од Интернетот уште во 1995 година, а денес се занимава и со нејзин третман, посочува дека дел од нејзините пациенти се лица кои припаѓаат на виртуелни заедници каде имаат изградено паралелни животи од кои тешко можат, односно не сакаат да се одвојат. Continue reading “Патологијата на онлајн однесувањето: Виртуелно „живеење“”

Патологијата на онлајн однесувањето: Е-растројство

Дали некогаш сте мереле колку време поминувате дневно на Интернет? Колкав процент од денот ви поминува на скролање на вашиот паметен телефон или таблет? Колку често додека сте излезени со друштво, посегнувате по вашиот мобилен телефон и доколку тој не стои пред вас, чувствувате немир и нелагодност? Колку сте преокупирани со тоа додека сте на некое патување или на некој настан да ги „фатите“ моментите на фотографии или на видеа за потоа да ги објавите на Facebook или Instagram? Continue reading “Патологијата на онлајн однесувањето: Е-растројство”

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат годишно како резултат на самоубиство. Во позадина на суицидалноста најчесто стои екстремна нелагодност, неиздржлива емоционална болка и неподносливо страдање на кое очајнички е потребно да му се стави крај. Continue reading “Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?”

Патологијата на онлајн однесувањето: Луцифер Ефект

Сведочејќи ја во последно време сета агресија, хостилност, критики и негативни коментари кои бескомпромисно се пишуваат на социјалните мрежи, порталите, под музичките видеа на YouTube и сл., интересно е да се даде осврт на потребата на луѓето толку многу да (како што многумина велат денес) „хејтаат“ на Интернет и што е тоа што го прави Интернетот толку погоден медиум за тоа? Еминентниот социјален психолог Филип Зимбардо кој, истражувајќи ја психологијата на злото преку т.н. Луцифер ефект, се обидел да објасни како и зошто индивидуи и групи кои вообичаено се однесуваат социјализирано и човечно, во одредени околности се однесуваат сосема спротивно на претходното.

Continue reading “Патологијата на онлајн однесувањето: Луцифер Ефект”